Најдобрата македонска фудбалска репрезентација напредуваше за две позиции на најновата ранг листа на ФИФА.
Одличните настапи во квалификациите за ЕУРО 2024, нерешениот исход со Италија и победата над Малта и донесоа прогрес на Македонија.
Пред овие натпревари црвено-жолте беа на 68-то, а сега се на 66-место на ФИФА листата.
Претстојниот месец (октомври) нашите фудбалери ќе одиграат нови два натпревари. следува дуелот со Украина во евро-квалификациите, а потоа и пријателскиот натпревар со Азербејџан.
Добриот резултат на Македонија против Италија е причината за единствената промена во ТОП 10-те на новата листа.
Така сега Азурите паднаа за една позиција и се на 9-тото место.
Редоследот во ТОП-10 е: Аргентина, пред Франција, Бразил, Англија, Белгија, Хрватска и Холандија, Португалија, Италија и Шпанија.