Македонскиот тенисер Калин Ивановски избори пласман во четвртфиналето на фјучрсот во португалскиот град Сетубал. Тој денеска во 2.коло го совлада домашниот тенисер Франциско Роча со 2-0. Мечот што траеше 2.часа и 7.минути Калин го доби со 7:6 и 6:3.
Негов ривал утре во четвртфиналето ќе биде Жаиме Фарла од Португалија, кој пред десетина дена играше финале на фјучрсот во Синтра.
Во денешниот меч со Роча, македонскиот тенисер водеше голема борба во првиот сет.
Ивановски прв направи брејк во шестиот сет за водство од 4:2. Но, противникот возврати во деветтиот, а потоа изедначи и на 5:5 во гемови. Сетот беше решен во тај-брекот, кој македонскиот тенисер го освои со 7:1 и водство од 1:0 во сетови.
Во вториот сет Ивановски ја потврди улогата трет носител со тоа што постојано имаше брејк шанса.
Во првиот и во третиот гем од сетот Роча спасуваше по една брејк топка и поведе со 1:0 и 2:1, во петтиот гем спаси дури четири брејк топки за водство од 3:2. Но, потоа слеуваше реализацијата на Ивановски во седмиот гем ја искористи брејк топката за водство од 4:3, а потоа и во девттиот гем ја искористи првата брејк и сет топка за 6:3 во гемови и конечни 2:0.
Инаку, утрешниот ривал Фарла денеска го победи седмиот носител Клеман Шиде од Франција со 2-0 во сетови (64 75).