Битолски Пелистер, покрај фудбалот, ракометот и кошарката го проширува своето спортско семејство и во „Е-спорто“.

Имено од фудбалскиот клуб информираа дека ќе имаат својот претставник во „Е-фудбал“.

„Фудбалскиот клуб Пелистер ја известува целокупната јавност, дека во периодот што доаѓа, поточно на 25.09.2023 клубот започнува едно ново поглавје, и за прв пат ќе биде претставник во Балканската Esports лига.
Клубот во соработка со најдобриот македонски е-спорт репрезентативец и 4-годишен шампион во EFootball во Македонија, Давид Гаревски со кого Пелистер постигна договор и како капитен ќе го предводи клубот во оваа лига.
Пелистер ќе биде за прв пат учесник на едно вакво натпреварување, и поради тоа ни претставува голема чест нашиот клуб да се натпреварува против најдобрите екипи од Балканот“.

Балканската Еспорт организација, организира балканска лига “сезона 1” која ќе трае од 25.09.2023 до 31.12.2023, односно до 10.12.2023 регуларен дел, а од 10.12 ќе започне плеј-оф.

Форматот на натпревари ќе биде 3-на-3, односно тројца играчи ќе го управуваат клубот истовремено.

Пелистерци ќе ги претставуваат: Матко Бенчич од Хрватска, Ташко Илијев и Армин Мандал од Македонија. Капитен на екипата е Давид Гаревски.