Вардар повторно се радуваа на победа над „лутиот“ ривал Еурофарм Пелистер. По Супер купот сега и во Супер лигата во првиот овосезонски дуел.
Имаат право вардарци за да се радуваат, особено што победата ја остварија со борбена игра од првата до последната минута, над актуелниот шампион.
Борко Ристовски кој сега ја има улогата на Извршен директор на црвено-црните, на својот Инстаграм профил, со победничкото „селфи“ порача – „Никогаш не го отпишувајте Вардар“ .