На Европското одбојкарско првенство денеска се играат последните два натпревари по кои ќе ги знаеме носителите на медалите.
Во Рим денеска ќе се играат дуелите за бронзениот медал, како и големото финале по кое ќе дознаеме дали Европа ќе има нов, или Италија ќе виде старо-новиот шампион.
Во утешното „мало финале“ за бронзата ќе се борат одбојкарите на Франција и Словенија. Тоа е дуел на актуелниот олимписки шампион, против сребрената селекција на последните две европски првенства.
Мечот ќе започне во попладневниот термин од 17.30 часот.
Во финалето. Домаќинот и бранител на трофејот Италија ќе биде предизвикан од Полска.
За Италијанците вечерашното ќе биде вкупно 12-то финале, во кое Азурите ќе ја атакуваат на 8-та шампионска титула.
Полска по седми пат ќе игра во финалето. Во последното 2009-тата во Турција, Полјаците ја освоија единственоста титула.
Воедно ова финале е реприза на ланското од Светското првенство во кое Италијанците славеа со 3:1.
Дуелот за шампионскиот трофеј Италија – Полска ќе започне од 21 часот.