Супер интересен и неизвесен беше воведниот натпревар од 4.коло во германската Бундес лига одигран во Минхен.
Дерби дуелот меѓу Баер и Баер заври со четири гола, но без победник 2:2
Домаќините во два наврати имаа предност, но гостите од Леверкузен од пенал во 94-тата стигнаа до бод.
Веќе во 7.минута Баварците поведоа со 1-0 со голот на Хари Кејн.
Гостите од Леверкузен израмнија во 24-тата со погодокот на Грималдо.
И во вториот дел беа постигнати по еден гол на двете страни и тоа во самиот финиш.
На четири минути до крајот (86) Горецка повторно му донесе водство на Баерн (2-1).
Кога сите очекуваа крај во третата минута од судиското дополнение, а по прегледувањето на снимката (ВАР) судијата Шлагер досуди пенал за гостите.
Сигурен реализатор беше Аргентинецот, Паласиос кој ги постави конечните 2-2.
Со нерешениот резултат, веќе нема екипа во Бундес лигата со максимален ефект. Двата тима до оваа рунда беа „перфектни“, а сега го одиграат првиот дуел без победник.
Поради подобрата гол разлика екипата од Леверкузен е на водечката позиција со 10 бодови, колку што има и минхенскиот тим на второто место.