Столе Димитриевски поради болка во грбот ( здобиена на мечот со Италија) нема да биде во комбинација за настап против Малта.
Селекторот Благоја Милевски дополнителни го повика Давор Талевски во А селекцијата.
Голманот на Шкендија веќе пристигна во Малта. Тој ќе биде на официјалниот тренинг (19:00 часот) заедно со тимот.
Утрешниот натпревар Малта – Македонија ќе започне од 20.45 часот.