По освојувањето на двата трофеи се зголеми и бројот на пријатели, поддржувачи и спонзори на РК Вардар.
Нов пријател на „црвено-црните“ е реномираната македонска компанија ПЕКАБЕСКО.
Компанијата е во приватна сопственост, а главна дејност и е производство на сувомеснати производи и дистрибуција на производи за широка потрошувачка.
Пекабеско го препозна спортски бренд на РК Вардар и реши во иднина да биде меѓу компаниите што ќе го поддржат клубот.
Тие ќе бидат дел од клубот на партнери, поддржувачи и спонзори на Вардар и ќе му помогнат во исполнување на целта – враќање во самиот ракометен врв во Македонија и Европа.
Денеска беше потпишан договорат за соработка меѓу Вардар1961 и Пекабеско и претставници на клубот беа во посета на фабриката.
Директорот на Пекабеско, Анатол Кутревски им посака среќа и успех на ракометарите и заедно да се радуваат на многу победи.
„Пекабеско секогаш го поддржувал македонскиот спорт, а Вардар е препознатлив бренд не само во нашата земја туку и во Европа“, истакна Кутревски.
Пекабеско како нов пријател и партнер на следните натпревари на Вардар ќе награди и некои од гледачите во салата.
Дел од присутните на дерби со Еурофарм Пелистер во недела ќе бидат наградени со подароци од Пекабеско.