Светскиот шампион Аргентина, со победа ги започна јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година.
На натпреварот во Буенос Аирес, Аргентина, благодарение на Лионел Меси го победи Еквадор со 1:0.
Победничкиот гол на стадионот „Монументал“ го постигна капитенот Меси го постигна во 78.минута со одличен слободен удар од 20 метри.
Голманот на гостите само можеше само да гледа како топката влегува во мрежата.
Со истиот резултат Колумбија ја совлада Венецуела, а Парагвај и Перу одиграа без голови 0-0.
Во првото од 18-те квалификациско коло се уште се среќаваат Бразил – Боливија и Уругвај – Чиле, а натпреварите се закажани за ноќта од петок кон сабота по средноевропско време.
На следното Светско првенство, чии домаќини ќе бидат САД, Канада и Мексико, ќе играат дури 48 репрезентации.
Директно ќе се пласираат шесте најдобри селекции од јужноамериканските квалификации, додека седмопласираната ќе ја има можност да го стори тоа преку плеј-офот.