Извршниот комитет на ФИБА Европа реши, следното Европско првенство во женска конкуренција да се одржи во четири земји.
Чешка, Германија, Грција и Италија, ќе бидат домаќини на 40-тот издание ЕП за кошаркарки.
Секоја земја ќе биде домаќин на дел од групната фаза, а точните локации ќе бидат потврдени подоцна. Финалната фаза ќе се игра во Атина.
Ова ќе биде за прв пат Европското првенство за жени да биде организирано во четири различни земји на Стариот континент.
Претходно, од имплементацијата на форматот за ко-домаќин во 2015 година, секое издание на Евробаскетот имаше по две земји-домаќини.
Прво тоа беа Романија и Унгарија, потоа во 2019 година, улога на организатори беа Србија и Летонија во 2019 година, следуваа Шпанија и Франција во 2021 година, додека последниот турнир се одржа во Словенија и Израел.
Вкупно 36. нации, вклучително и четирите ко-домаќини, ќе се натпреваруваат во квалификациите за женскиот Евробаскет во 2025 година.
Останатите 32. Тима, меѓу кои и нашата најдобра женска селекција, ќе бидат поставени во осум групи (од по четири екипи) и ќе се борат за 12. места во финалната рунда.
Ждрепката за квалификациите ќе се одржи на 19 септември во „Куќата на кошарката“ во Мие, а првиот ФИБА „прозорец“ ќе се одржи во ноември 2023 година.