Македонските фудбалери во позитивна атмосфера ги одработуваат мини подготовките за претстојните два натпревари во квалификациите за ЕП 2024.година
Првиот е веќе во сабота во Скопје против Италија, а три дена подоцна Македонија и гостува на Малта.
Со Азурите имаме убави сеќавање од баражот за СП, кога во Палермо ги победивме со 1-0.
Стрелецот на победничкиот гол Александар Трајковски смета дека и овојпат Македонија може да се носи со Италија и посакува противникот повторно да нé потцени.