Втората тенисерка која избори место меѓу четирите најдобри на УС Опен е Каролина Мухова.
10-то рангираната во Њу Јорк лесно и брзо, за само 99 минути во четвртфиналето ја победи Романката, Сорана Кирстеа со 2-0.
Мухова која играше во финалето на Роланд Гарос, на противничката и препушти само три гема и тоа во вториот сет, добивајќи го мечот со 6:0 и 6:3.
Сега Мухова за своето второ финале годинава ќе се бори со миленичката на публиката во Њу Јорк, Американката, Коко Гоф .
Вториот полуфинален пар ќе го дознаеме чивава по одигрувањето на преостанатите две четвртфиналиња.
Маркета Вондроушова ќе игра против Медисон Кис, додека 2-носителка Арина Сабаленка ќе ги одмери силите против Чинвен Женг од Кина