Прворангираниот на УС Опен, Карлос Алкараз експресно обезбеди пласман во четвртфиналето.

Младиот Шпанец за нецели два часа во осминафиналната рунда го совлада Италијанецот, Матео Арналди во три сета (3:0).

Алкараз првите два сета ги доби со идентични 6-3 и 6-3, а во третиот загуби гем повеќе 6-4.

Тој сега ќе го чека исходот од натпреварот што ќе се игра ноќеска, во кој (6-носител) Италијанецот, Јаник Синер за противник ќе го има Германецот, Александер Зверев (12)

Во тек е уште еден меч меѓу (8) Андреј Рубљев и Џек Дрејпер. Моменталниот резултат е 1:1 во сетови откако првиот го доби Русинот со 6-3, а во вториот Британецот возврати со иста мерка (3-6).