Вториот носител на УС Опен, Новак Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на последниот Гранд слем годинава.

Очекувано Србинот го доби осминафиналниот меч со Хрватот, Борна Гојо во три сета (3-0). Натпреварот на игран на теренот „Артур Неш“ траеше 146 минути, а Ѓоковиќ го доби со 6:2, 7:5 и 6:4.

Со овој триумф Ѓоковиќ по 13-ти пат во кариерата обезбеди учество во втората недела од турнирот во Њујорк со што се изедначи со Роџер Федерер и Андре Агаси.

Следен ривал на Ѓоковиќ ќе биде Американецот, Тејлор Фриц, кој го победи Швајцарецот, Доминик Штрикер со 7:6 (7:2), 6:4, 6:4.