Македонската фудбалска репрезентација го одработи првиот тренинг, пред продолжението на квалификациите за ЕП 2024-та во Германија.
Во позитивна атмосфера и полни со елан избраниците на селекторот Милевски го чекаат првиот противник.
Во сабота во Скопје, гостува Италија.
Со азурите имаме убави спомени, но тоа е минато и сега мора да мислиме на тоа што престои вели Дориан Бабунски.
„Ни доаѓа многу добар тим, Италија е светска сила во фудбалот. Имаме искуство, ние повеќето играчи, сме играле против нив.
Треба да се фокусираме на нашата игра. Да ги поправиме сите грешки од претходните натпревари, да ги подобриме сите напи аспекти во играта. Ќе дадеме се од себе да извлечеме позитивен резултат. Фудбалот нема историја.
Тоа што помина, помина, веќе е во минатото. Сега гледаме да се фокусираме на она што ни претстои“,
изјави Бабунски.
По натпреварот со Италија, во септемврискиот круг, на Македонија и следува и гостувањето кај Малта.
Влезниците за овој натпревар може да се купат овде.