Супер интересен натпревар одиграа екипите на Арсенал – Манчестер Јунајтед во рамките од 4.коло на Премиер лигата.
Победникот беше решен во судиското дополнение, а на победа се радуваше домашниот тим на Арсенал со 3-1.
Присутните на „Емирати“ во Лондон може да бидат задоволни од прикажаното, иако натпреварот можеше да заврши и со повеќе голови.
Гостите од Манчестер поведоа со голот на Маркус Рашворд во 27-та минута.
Само што тргнаа од центарот и минаа 40-тина секунди домаќините израмнија преку Мартин Одегард.
Возбудувања имаше и во вториот дел.
Граначо во 88-та постигна гол за Јунајтед, кој по прегледување на ВАР снимката беше поништен поради офсајд.
Во шестата минута од судиското дополнение Рајс му носи предност на Арсенал од 2-1, а во практично 101-тата минута Грабиел Жезус ги постави конечните 3-1.
За арсенал ова беше трета победа со која се врати на 5.место на табелата, а Јунајтед го претрпе вториот пораз и е 11-ти.