Фудбалерите на Интер продолжија со одличните настапи и со убедливи 4:0 ја совладаа Фиорентина за трета победа од исто толку натпревари.
Одличен натпревар одигра новото засилувањe Маркус Турам, кој во 23-тата минута го отвори резултатот. Истиот играч учествуваше и во вториот погодок во 53-тата минута кога му асистираше на Лаутаро Мартинез кој погоди за 2:0.
Во 57-та минута Кристиансен беше прегруб и направи недозволив прекршок по што судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор на ударот од 11 метри беше Хакам Чаканоглу за предност од 3:0.
Конечните 4:0 ги постави Лаутаро Мартинез во 75-тата минута.
За Интер ова е трет триумф, со што заедно со Милан се лидери на табелата.
За разлика од Интер кој запиша трета победа, тимот на Торино дојде до својата прва и тоа против Џенова.
Стрелец на победничкиот погодок за Торино беше Немања Радоњиќ кој во 94-та минута донесе радост за домашните навивачи.