Ракометната федерација на Македонија (РФМ), денеска има редовно годишно собрание.

Најголемо внимание од предвидените точки на дневен ред секако беше системот на натпреварување за следната  сезона 2024/2025.

Клубовите го отфрлија предлогот Супер лигата да биде поделена во две конкуренции А и Б со по 8 екипи.

Во повеќе аргументи против отколку за, одлучено е УО на РФМ во консултација со клубовите да изготви нов предлог, кој ќе важи од следната сезона.

Најголемата причина поради која беше отфрлен предлогот се парите. Имено, екипите кои ви настапувале во Б конкуренцијата би земале помалку пари, преку така-наречениот „ваучер’.

Вардарци се за намалување на бројот на екипи со што би се зголемила конкурентноста. Во тој контекст е и размислувањето на шампионот Еурофарм Пелистер. Битолчани со предлог Супер лигата да се намали од 16, на на 12 или 10 и тоа да биде постепено.

Дека се се врти околу парите потврди и барањето на екипите од женската конкуренција.

Тие бараат приближување или да бидат изедначени со машките екипи. Но, имајќи во предвид дека женската лига се води како аматерска, од Агенцијата за млади и спорт, посочија дека клубовите мора да станат професионални, односно да се регистрираат како Акционерски друштва.

Инаку, новата женска елитна лига ќе се игра со 14 екипи, а во неа ќе има вкупно 26 кола (без плеј-оф и плеј-аут). Првенството ќе започне на 16 септември.

И за крај за парите, односно финансискиот извештај на федерацијата.

РФМ во 2002 година имала рекорден буџет од речиси 3 милиони евра, а приход остварила и РФМ Маркетинг (фирма на федерацијата).