Актуелниот шампион Манчестер Сити и по четвртиот одигран натпревар во Премиер лигата, останува на максимален ефект.
Попладнево „Граѓаните“ славеа пред своите симпатизери против Фулам со 5-1, а „хет-три“ оствари Халанд.
Шампионот поведе во 31-та минута со голот на Хуан Алварез.
Но, Фулам брзо ја анулира негативата. Само две минути подоцна (33) Рим го израмни резултатот (1-1)
Кога сите очекува крај на првиот дел, во петата минута од дополнувањето (45+5) Холанѓанецот, Аке му донесе предност на Сити од 2-1.
Во второто полувреме, три гола на Халанд (58, 70 и 90+5.минута), за конечни 5-1 за Манчестер Сити.