Во Мото ГП шампионатот викендов се вози 11-тата трка во шампионатот, а домаќин е патеката во Барселона за ГН на Каталонија.

На вчерашниот тренинг најбрзо време постигнаа шпанците Алеиш Еспаргаро и Маверик Вињалес од тимот на Априлија.

Лидерот, италијанецот Бањаја од Дукати заостануваше зад најбрзиот Еспаргаро за 0,375 секунди.

Дали ќе гледаме возбудливи квалификации или доминацијата на Бањаја ќе продолжи останува да видиме.

Минатата сезона до победата стигна Фабио Квартараро од Јамаха пред Мартин и Зарко од Дукати.

Квалификациите се закажани денеска од 11 часот, а ќе се вози и спринт трка нешто подоцна од 15 часот.

Трката во Барселона е на програмата утре од 14 часот.