Новата сезона во македонскиот ракомет ќе започне во среда на 6 септември.
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја одреди ова дата за одигрување на Супер Куп натпреварот.
За првиот трофеј ќе се борат големите ривали, шампионот Еурофарм Пелистер и освојувачот на купот, Вардар.
Двете екипи минатата сезона се сретнаа во Супер Куп на Македонија што се играше во Охрид, а на таа средба славеше РК Еурофарм Пелистер со резултат 23:22.
Годинашното издание на Супер купот ќе се игра во спортска сала „Парк“ во Струмица. На натпреварот ќе се емитува во живо на МРТ.