Шампионот Манчестер Сити се изнамачи да оствари победа на гостувањето против Шефилд Јунајтед.
Во натпреварот од 3.коло на Премиер лигата, Сити славеше со 2-1.
Популарните „Граѓани“ имаа голем број на шанси, но не искористија нитиу една во првиот дел.
Најголемата ја имаше Ерлинг Халанд во 37.минута, но Норвежанецот не реализира пенал, неговиот удар од белата точка заврши во стативата.
Од неколкуте шанси Халанд ја искористи онаа во 63.минута, за водство од 1-0. Сепак домаќините не се предаваа, па преку Богли во 85-тата израмнија на 1-1. Радоста на домашниот тим не траеше долго, бидејќи Родри во 88.минута постигна нов гол, за победа на Сити од 2-1.
И без Пеп Гвардиола на клупата, сепак Сити славеше. Тоа е нивна трета победа во исто толку одиграни натпревари во новата сезона, со што останаа единствениот тим со максимален учинок.
Во вториот натпревар од денешната програма што се играше во ист термин, Астон Вила на гости го надигра Барнли со 3-1.
Првите два гола ги постигна Кеш (8 и 20.минута), а Диаби беше стрелец на третиот гол за гостите (61). Голот за Барнли го постигна Фостер (47).
Астон Вила во следното коло ја чека тешко гостување на „Енфилд“ кај Ливерпул.