На меѓународниот женски ракометен турнир ,,Ѓорче Петров Куп”, денес е последен ден. Тој ги носи дуелите за пласман во конечниот поредок.

Македонските претставници Вардар и домаќинот Ѓорче Петров, не успеаја да се изборат за финалниот меч.

Така вардарки против екипата на Бор ќе разигруваат за седмата позиција во натпреварот што ќе се игра во спортската сала ,,Христо Батанџиев”.

На истиот терен, на пладне ќе се игра и натпреварот за петтото место.

Натпреварите за медали ќе се играат на отвореното игралиште Камин Кама, во попладневниот термин од 19, односно вечерниот од 21 часот .

Сите натпревари може да ги гледате овде во живо 

„ЃОРЧЕ ПЕТРОВ КУП“ – НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН
10.00  за 7.место   ВАРДАР –  БОР
12.00  за 5.место   ПАНОРАМА – ПАОК 
19.00  за 3.место   ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – БЕКАМЕНТ 
21.00  Финале       ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ЖЕЛЕЗНИЧАР

Ивона Кимовска

ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ЖЕЛЕЗНИЧАР
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – БЕКАМЕНТ 
ПАНОРАМА – ПАОК 
ВАРДАР –  БОР