Повратникот во Серија А, тимот на Фросиноне направи големо изненадување и ја победи Аталанта со 2:1.

Одличниот старт на избраниците на Еузебио Ди Франческо веќе во 24-тата минута им донесе предност од 2:0.

Најпрвин Абду Харуи во петатта минута го отвори резултатот, а младиот Иларио Монтераси во 24-тата зголеми на 2:0.

Гостите од Бергамо некако успееја да се опорават од почетниот шок и полека ја преземаа иницијативата на теренот.
Ваквата игра вроди со плод во 54-тата минута, кога Дуван Запата намали на 2:1.
Сепак и покрај сите напади и шанси, Фросиноне успешно се одбрани и запиша голема победа.

Во другиот натпревар од 18:30, Монца ја запиша првата победа, со 2:0 над Емполи и го закова противникот на дното на табелата.

Резултатот го отвори Колпани во финишот на натпреварот, кога во 45-тата минута го совлада голманот Перисан.

Токму Колпани беше стрлец и на вториот гол, кога во 54-тата минута по втор пат го совлада противничкиот голман, за 2:0.

Ова се први бодови за Монца, додека пак Емполи остана закован на дното без бодови.