Трет ден на натпревари на второто издание на меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ во Охрид.
Иако по вчера одиграните натпревари веќе е познато дека Еурофарм Пелистер и Олимпијакос ќе се борат за трофејот, сепак денеска не очекуваат интересни натпревари.
Останатите шест екипи сеуште се со шанси за освојување на второто место.
Во групата „А“ домаќинот Охрид и турскиот Бешикташ ќе имаат директен дуел за таа позиција, имајќи в предвид дека Олимпијакос важи за фаворит во дуелот со Голден Арт.
Во втората „Б’“ група, Бутел Скопје само си ја решава „судбината“. На бутелчани доволно ќе им биде и „реми“ во дуелот со словачкиот Татран Прешов. Но, тоа под услов македонскиот шампион Еурофарм Пелистер да ја оправда улогата на фаворит во дуелот со Металопластика.
Распоред на натпреварите за последното 3.коло по групи:
11:00 Голден Арт – Олимпијакос
13:15 Татран Прешов – Бутел Скопје
18:00 Еурофарм Пелистер – Металопластика
20:15 Охрид – Бешикташ