Со комплетирањето на последното 3.коло познати е распоредот на натпреварите за пласман на меѓународниот турнирот „Крсте Андоновски – Усташ“ во Охрид.
Не очекувано, македонскиот првак Еурофарм Пелистер беше поразен од Металопластика со 26-27. За пелистерци тоа не смени ништо, тие завршија како прво пласирани. Но, затоа српскиот тим е трет, а скопски Бутел е четврто пласиран во „Б“ групата.
Домаќинот Охрид беше совладан од турскиот Бешикташ со 35-32 во директната пресметка за 2.место во „А“ групата. Така охриѓани како трето пласирани ќе играат за петтото, а Турците за третото место.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН (сабота)
11:00 за 7 место ГОЛДЕН АРТ – БУТЕЛ
13:15 за 5 место МЕТАЛОПЛАСТИКА – БЕШИКТАШ
18:00 за 3 место ГРК ОХРИД –ТАТРАН ПРЕШОВ
20:15 Финале ЕУРОФАМ ПЕЛИСТЕР – ОЛИМПИЈАКОС