Меѓународниот турнир Ѓорче Петров Куп започнува денес, а е во организација на ЖРК Ѓорче Петров ЖРК.
На турнирот ќе учествуваат осум екипи. Македонија ќе биде претставувана од два. Покрај домаќинот Ѓорче Петров ќе настапат и ракометарките на Вардар.
Дури четири српски тимови ќе бидат дел од овој турнир: Бекамент, Бор, Црвена Звезда и Железничар. Списокот на учесници го заокружуваат ПАОК и Панорама од Грција.
Во група 1 ќе играат: домаќинот Ѓорче Петров, Бор, Црвена Звезда и Панорама.
Додека во втората група, противници на Вардар ќе бидат ПАОК, Железничар и Бекамент.
Натпреварите претпладне ќе се играат во спортската сала Христо Батанџиев, додека вечерта на отвореното игралиште Камин Кама.
Полуфиналните и финалните натпревари ќе се играат во недела.
Ивона Кимовска