Ракометарите на Вардар по рекорден 14-ти пат се победници на Струшкиот турнир.
Во финалето на 51-то издание кои е играше на два терени, Вардар го победи Алкалоид со 25-20 (12-11).
Натпреварот како и вообичаено почна на отворениот терен крај „женска плажа“, но поради лошото време беше прекинат, а потоа продолжи во соседната сала.
Израмнет и интересен натпревар можеа да видат упорните љубители на ракометот. Двата тима имаа свои добри минути. Вардарци на „отворено“ беа подобри, а прекинот го дочекаа со предност 7-5.
Продолжението на дуелот во затворената сала „Тими“ му припадна на Алкалоид, но црвено-црните на полувреме замина со гол предност (12-11). И во вториот дел иста слика. Двата тима се менуваа во водство се до 45-та минута (18:18). Црвено-црните го скршија отпорот на противникот во завршните пет минути и со конечни 23-20 славеа победа.
За Вардар ова беше 14-тиот трофеј на Струшкиот турнир и црвено-црните имаа еден повеќе од Еурофарм Пелистер кој наместо во Струга играше во Добој.