Мурињо и Рома иако важеа за апсолутен фаворит против Салернитана, сепак на крајот мораа да бидат задоволни со 2:2 и само еден бод.

Италијанскиот напаѓач Андреа Белоти уште на стартот најави голегетеска сезона, па иако неговиот прв гол го поништи Вар, сепак веќе во 17-тата минута втор пат ја затреср мрежата и донеср предност за својот тим.

Предноста на Рома траеше 20 минути кога ветеранот Кандрева во 36-тата минута изедначи на 1:1.
Токму Кандрева беше творецот на целосниот преаврт кога во 49-тата минута втор пат го совлада противничкиот голман.

Во финишот на натпреварот, Гало Белоти со вториот гол изедначи на 2:2 и донесе бод за својот тим.

На другиот натпревар во 18:30, Аталанта запиша победа против Сасуоло со 0:2.

Иакп домаќините одлично се држеа и имаа егал натпревар, сепак гостите од Бергамо во финишот го скршија отпорот и дојдоа до три бода.

Новото засилување Де Калдере во 83-тата погоди за 0:1, а Зортеа 10 минути подоцна ги постави конечните 0:2