Ана Марија Коларовска го продолжи договорот со шампионот Ѓорче Петров. Коларовска игра на сите бековски позиции.
Таа две сезони е дел од екипата на Ѓорче Петров и еден од клучните играчи во тимот. Ѓорче Петров претходната сезона заврши на првото место во женската Супер лига.
Претходно Ана Марија една сезона играше за екипата на Спартак, а беше дел и од екипата на Вардар.
Ѓорче Петров ги продолжи договорите и со Ангела Јанкуловска, Емилијана Ризоска, Марија Јанкуловска, Ива Божиноска, Слободанка Кицеска Анастасија Николовска и Милица Николиќ.
Тимот на Ѓорче Петров за сезоната што следува се засили со голманката Јована Трајковска, а Теодора Дукоска си замина од тимот по една сезона помината во Ѓорче Петров.
Ивона Кимовска