Екипата на Тотенхем и без Хари Кејн игра одличен фудбал и најважно победува. Првото дерби сезонава „Спарси“ го добија, совладувајќи го Манчестер Јунајтед со 2-0.
Во интересен натпревар во кој можеше да има и повеќе голови на двете страни, двата домаќините ги постигнаа во вториот дел.
Во првиот немаше голови, но спорен момент се случи во 26 минута. Јунајтед беше оштетен бидејќи судијата Тејлор не досуди очигледен пенал.
Во вториот. Притисокот на домаќините беше крунисан прво со колот на Сенегалецот, Пепе Матар Сар во 49-тата минута.
На вториот гол се чекаше се до 83-тата минута, кога по уфрлањето од левата страна Мартинез го изненади својот голман Онана подигнувајќи си авто-гол.
Гостите се обидуваа да постигнат гол и да го ублажат поразот, но резултатот остана не променет 2-0 за Тотенхем.