Бранителот на шампионскиот трофеј во англиската Премиер лига, Манчестер Сити ја оствари втората победа во новата сезона.
Во дербито од второто коло, Сити пред своите симпатизери го победи Њукасл со 1:0.
Во тврд натпревар со по неколку шанси на двете страни, победничкиот гол го постигна Аргентинецот, Хуан Алварез.
Се играше 31-та минута, кога Фоден со прекрасна дијагонала го проигра Алварез кој со прецизен удар успеа да го совлада гостинскиот голман.
Сити во следната рунда гостува кај Брендфор, а Њукасл го чека ново дерби пред своите симпатизери против Ливерпул.