Последен ден на 51-то издание на традиционалниот Струшки ракометен турнир.
За трофејот ќе се борат екипите на Вардар и Алкалоид.
Вардар го совлада шведскиот тим Гуиф со 28:26 и си обезбеди место во финалето.
Екипата на Алкалоид со победа од 26:23 над тимот на АЕК Атина успеа да се пласира во финалето.
Финалето меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра вечерва со почеток од 20:30 часот.
Претходно во натпреварот за третото место од 18:30 часот и ќе играат тимовите на грчки АЕК
од Атина и шведскиот Гуиф.
Последниот ден, ќе биде отворен со натпреварот за петтото место од 10:30 часот, во кој ќе се сретнат домаќинот Струга ќе игра против Динамо Панчево.
Ивона Кимовска