Сензационалниот, Австралиец, Макс Персел од квалификациите стигна до четвртфиналето на Мастерсот во Синсинати, но светскиот тенисер број 1, Карлос Алкараз вечерва беше пресилен за него.
Шпанецот славеше по пресврт со 2:1, по сетови 4:6, 6:3, 6:4, а мечот траеше два часа и 11 минути.
Еден брејк беше доволен за Персел, да го освои првиот сет и да го доведе во неволја апсолутниот фаворит Алкараз.
Сепак, на стартот од вториот сет, Шпанецот за направи брејк за водство со 2:0 и го задржа водството до крајот на сетот за израмнување на 1:1.
Алкараз одлично го започна третиот решавачки сет. Го одзеде сервисот на Персел и исто како и во претходниот сет поведе со 2:0. Австралиецот не се предаде, успеа да врзе два гејма и да го израмни резултатот. Се играше изедначено до 4:4. Потоа Алкараз ги освои сите четири поени на сервис на ривалот, поведе со 5:4 и сервираше за победа.
Шпанецот во полуфиналето за противник ќе го има Хуберт Хуркач.
Полскиот тенисер место меѓу четворицата најдобри избори со победата над Австралиец, Алексеј Попирин со 6:1 и 7:6.