Екипите на Гуиф и АЕК Атина се бореа за третото место на Струшкиот турнир. Грчкиот тим на АЕК Атина го освои третото место.
Натпреварот започна со серија од 3:1 за Шведскиот тим. Гуиф успешно ја зголемуваа предноста и во 13-тата минута поведоа со 6:2. АЕК се обидуваа да ја намалат негативата но, Шведскиот тим не дозволи. Па така во 22-та минута имаа предност од +5.
Сепак, грчкиот тим не се откажа и израмни на 11:11 во 26-тата минута. На полувреме резултатот беше 14:13 за шведскиот тим.
Гуиф во почетокот од втората половина од натпреварот ја зголеми предноста на 17:15. Двете екипи покажаа одлична игра и борба за секоја топка. Во 43-тата минута Атина со серија од 2-0 израмни на 17:17. Во последните петнаесет минути од натпреварот се играше израмнето.
Но, сепак АЕК со два гола на пет минути пред крајот успеа да поведе и победи со 29:27.
Останува да се одигра уште финалето. За трофејот ќе се борат Вардар и Алкалоид.
Ивона Кимовска