Ракометарите на Вардар се првите што се пласираа во финалето на 51-ти издание на Струшкиот турнир.
Ова откако вардарци со победата над шведскиот тим Гуиф со 28-26, го освоија првото место во својата група.
Мартин Томовски со 14 одбрани беше брилијантен на голот, додека а во нападот Стефан Петриќ најефикасен со 7 постигнати голови.
Кој ќе биде противник на Вардар во утрешното финале ќе дознаеме по натпреварот меѓу Алкалоид и АЕК.
ФОТО: Денис Дуковски за Официјалната Фејсбук страна на Струшкиот турнир