Тимот на Алкалоид е вториот патник во финалето на меѓународниот Струшки ракометен турнир.
Македонскиот вице-првак го победи грчкиот АЕК со 26-23 и го освои првото место во својата група. Со тоа алкалоид закажа финале со Вардар.
Иако првото полувреме му припадна на грчкиот тим кој на одмор замина со два разлика (13-15), сепак во вториот избраниците на Лазаров покажаа карактер.
Предводени од Мартин Серафимов кој беше најефикасен со 5 гола, како и кубанскиот голман Ромеро кој имаше 8 одбрани, Алкалоид заслужено славеше победа (26-23). Одлина партија во нападот имаа младиот Митев и новото засилување Французинот, Бинго кои постигнаа по 4 гола.
Така утре во последниот натпревар на турнирот за трофејот ќе се борат Алкалоид и Вардар кој претходно во меч за првото место во својата група беше подобар од шведскиот Гуиф.
Недела:
10.30 ч. Струга – Динамо Панчево за 5 место
18.30 ч. АЕК – Гуиф за 3.место
20.30 ч. Вардар – Алкалоид финале