Македонскиот шампон Еурофарм Пелистер го претрпе и вториот пораз на турнирот во Добој. Пелистерци одиграа едно добро полувреме (првото), но недоволно да се совлада Монпелје.
Во првиот дел се водеше израмнета борба, во која двата тима имаа свои преоди. По нерешените 3-3, францускиот тим во 11-минута поведе со 3-5.
Пелистерци не само што ја анулираа негативата туку во 24.минута поведоа со 10-9. Одново Монпелје беше оној кој одигра подобро во финишот, па на пауза замина со гол предност 12-11.
Во вториот дел. Тотална доминација на Монпелје. Само еден постига гол на пелистерци за 13 минути и дури 9 примени. Така францускиот тим во 43-минутра имаше и 8 гола предност (12-21).
Таа предност се покажа како решавачка за конечниот епилог.
Успеаја битолчани да ги консолидираат редовите и да ја намалат негативата, но тоа беше се што сторија, па Монпелје на крајот славеше со 29-26.
Така Еурофарм Пелистер заврши трето пласиран во својата група и утре од 12 часот ќе игра со трето пласираниот од втората група, во меч за 5-тото место на турнирот.
Противник на пелистерци ќе биде хрватскиот првак Загреб против кој ќе играат и во Лигата на шампионите.