Македонскиот првак Еурофарм Пелистер настапува на ТВ турнирот во Добој еден од најсилните во Европа.
Откако битолчани во првиот натпревар беа надиграни од бранител на трофејот од лани, Ал Ахли, денеска славеа победа.
Во ватпревар од 2.коло на Б групата, Пелистер убедливо го надигра домаќинот Слога Добој.
Пелистерци славеа со 15 гола разлика 39:24.
Во последната рунда од групната фаза, Еурофарм Пелистер утре (19.10 часот) ќе игра против францускиот Монпеље кој вечерва (21 часот) се среќава со Ал Ахли.