Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз е елиминиран во полуфиналето на турнирот во Синсинати.
Како и лани (тогаш во 1.коло) „кобен“ за Шпанецот, беше Томи Пол.
Американецот победи со 2-1 по сетови 6:3, 4:6 и 6:3 и се пласира во финалето.
Видлива беше нервозата текот на целиот меч на младиот Шпанец кој сепак со новите освоени поени сега ќе ја зголеми бодовната предност во однос на Новак Ѓоковиќ на АТП листата.
Тоа значи дека од понеделник Алкараз ќе има 9.395 поени наспроти 8.795 на Ѓоковиќ. Разликата можеше да биде и дури и речиси 1.500 поени, но за тоа Шпанецот требаше да ја освои титулата.
За за трофејот Пол ќе се бори со Јаник Синер исто така во три сета го елиминира Гаел Монфис со 2-1 во сетови.