Симона Василева е ново засилување во тимот на ЖРК Вардар. Таа е ракометарка која може да игра на сите бековски позиции.
Василева потекнува од школата на Металург, со кој ги мина младинските натпреварувања.
Две години играше во ЖРК Сартак, каде одлично ја водеше екипата како капитен. Во 2021 година, потпиша две годишен договор со Ѓорче Петров, со кој го освоија првото место во женската Супер лига.
Вардар за Симона е нов предизвик во нејзината ракометна кариера.
,,Мислам дека со добра работа и максимална посветеност можеме да постигнеме добар успех и да ја завршиме сезоната со титула.
Потпишувањето за Вардар за мене претставува добар предизвик за наредна сезона како и мотивација да се унапредам на поголемо ниво како играч. Причината поради која го одбрав Вардар е добрата атмосфера во тимот, пред се, а воедно и добрите услови што ги нуди клубот“,
изјави Василева за СПОРТ+.
Ова е трето засилување на Вардар за пристојната сезона, откако претходно потпиша Нина Милевска и Тамара Ивановска.
Ивона Кимовска