Суперлигашот Голден Арт го започна тренажниот процес за пристојната натпреварувачка сезона 2023/24.
Во полн состав, со тројца нови ракометари и 11 младинци кои лани беа шампиони започнаа подготовките
Првиот дел од подготовките ќе се одвива во Скопје, потоа клубот заминува во Струга. Следната станица ќе биде Охрид и учеството на турнирот “Крсте Андоновски- Усташ”.
Тренерот Владимир Глигоров ќе има и неколку контролни натпревари непосредно пред почетокот на првенството.
По заминувањето на Ивица Илиев, капитенската улога ја презема Давид Даев кој е со најдолг играчки стаж во Рклубт.
Од оваа сезона помошник тренер на првиот тим ќе биде Филип Глигоров, а Марко Нелоски ќе работи на физичката подготовка на играчите. Благоја Весиќ е новото име во тренерскиот дел и ќе биде задолжен за најмалите членови да Голден Арт.
Тимот на Голден Арт го чека тешка задача бидејќи е ден од Б групата во која покрај шампионот Еурофарм Пелистер и Вардар за противници ќе ги има и: Бутел Скопје, Пролет, Мулти Есенс, Прилеп и Вардар Неготино.