Традиционално големиот македонски празник Илинден, во Охрид се одржува популарниот „мал маратон“.
Утре, (2 август) ќе се одржи третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање или „Илинденски куп“.
Трката е во организација на ПК Охридски бранови 2008, а под „капата“ на Македонската пливачка федерација.
Патеката е стандардната. Стартот на трката ќе биде на плажата Горица, а финишот е на кејот пред хотелот „Ривиера“
Пливачите ќе стартуваат поделени во две групи. Стартот на првата група е во 10:30 часот, а половина час подоцна (11.00) ќе стартува втората група.