Екипата на ГРК Охрид не застанува со градењето на силен конкурентен тим. Охриѓани се сериозни во намерата претстојната сезона да се вмеша во трката за највисок пласман.
Деветтото засилување за Охрид е повремениот репрезентативен бек Горан Крстевски.
27-годишниот ресенчанец, треба да ја зголеми конкуренцијата на бековската позиција, во тимот кој го формира новиот тренер Стевче Алушевски.
Крстевски, минатата сезона настапување во австриски Линц, а меѓународно искуство има и од настапот во романскиот клуб Фочани. Тој претходно има настапувано во Металург и Еурофарм Работник.