Иако официјалната сезоната сеуште не е почната, но Барса и Реал веќе го одиграа првото „Ел Класико“. 

На американската турнеа, љубителите на фудбалот на „АТ&Т“ стадионот во Арлингтон можеа да уживаат во фантастичен натпревар. 

По само 15-минути игра по луцидно изведениот слободен удар, Барселона преку Дембеле поведе со 1-0. 

Пет минути подоцна Винициус не реализира пенал. Реал можеше да израмни и во 38.минута, но во два наврати обидите на „кралевите“ завршија во гредата на Таерптеген. 

Во дополнувањето на првиот дел, се обиде и Валверде, но Терштеген не дозволи израмнување. 

Повеќе жестоки дуели, неколку жолти картони, но и принуди измени мораа да направат тренерите Чави и Анчелоти. 

Што ќе донесе второто полувреме останува да видиме.