Барселона го доби Реал Мадрид во големото шпанско дерби одиграно на турнејата во САД. 

Фудбалерите на Реал ја погодуваа во гредата на Терштеген дури пет пати, а оние на Барса мрежата на Куртоа три пати, па Каталонците славеа со 3-0.

Фантастичен натпревар видоа љубителите на фудбалот на „АТ&Т“ стадионот во Арлингтон.

По луцидно изведениот слободен удар, Барселона преку Дембеле во 15.минута поведе со 1-0.

Потоа следуваше серијата на Реал. Ја почна Винициус кој од пенал точката прв ка погоди гредата на Терштеген. Во 38.минута,  во два наврати обидите на „кралевите“ завршија во гредата од голот на Барса. Се обиде и Валверде, но Терштеген не дозволи израмнување.

Во вториот дел. Првата закана ја упати Чуамени во 61-минута. Но, повторо сојузник на Терштеген беше гредата од неговиот гол.

И кога веќе не беа искористени ваквите шанси, следуваше казната. Прво новајлијата Ферммин на ефектен начин во 85.минута зголеми на 2-0, а Феран Торес во 91-та ги постави конечните 3-0. 

Шпанските гиганти остануваат во САД. За двата тима следуваат дуелите со италијанските ривали. 

Барселона на 2 август ќе игра против Милан, а ден подоцна Реал ќе се сретне со Јувентус.