Голманката Јована Трајкоска од наредната сезона ќе биде дел од шампионот Ѓорче Петров.
Трајкоска потекнува од школата на Вардар со кој ги помина сите младински натпреварувања. Со Вардар таа два пати има играно во финалето од Купот на Македонија.
Ова е прво засилување за екипата на Ѓорче Петров, само репрезентативката Теодора Дукоска си замина од тимот и потпиша за Чаир.
Ѓорче Петров претходната сезона заврши на првото место во женската Супер лига.
Ѓорче Петров организира турнир каде тие и Вардар ќе учествуваат од македонските тимови.
Воедно меѓу учесниците ќе има две грчки екипи ПАОК Солун и Панорама, и четири тима од Србија Железничар Инџија, Бекамент Аранѓеловац, Бор и Црвена Ѕвезда.
Ивона Кимовска