Македонската кошаркарска репрезентација е на почетокот на подготвите за олимписките квалификации.
Селекторот Алек Јончевски на стартот има проблеми со откажувањата и повредените играчи. Допрва се очекува и комплетирање на тимот, односно приклучување на дел од играчите.
Еден од оние кој Јончевски ги има на располагање е повратник во националниот состав Љубомир Младеновски кој е исклучително оптимистичен.
„Самите имиња на противниците доволно говори за каков квалитет се работи. Наше е да го дадеме максимумот. Многу нешта ќе зависат и во кој состав ќе одиме на овој турнир. Составот е видно изменет. Но, со овој квалитет што го имаме, би рекол дека може да се бориме и да поминеме во следната фаза“, изјави Љубомир Младеновски.
За пласман во следната рунда потребно е црвено-жолтите да завршам меѓу двете првопласирани селекции во конкуренција на Израел, Естонија и Чепка.
„Претпоставувам дела Естонија е со нај слаб квалитет. Веројатно таму ќе гледаме нашата за победа, а потоа ќе треба да изненадиме против Чешка или Израел. Тоа ќе зависи и од тоа во какви состави ќе бидат репрезентациите“, потенцира Младеновски.
Патот кон Париз е долг и премногу долг и тежок, прво треба да се мине ова рунда. Потоа следува и втората фаза во Полска, каде ќе настапат двете првопласирани селекции од А групата.