Откако Интер го продаде Андреа Онан во Манчестер Јунајтед, за рекордна сума, тимот од Милано бара адекватна замена за него.
Еден од потенцијалните чувари на мрежата на неро-азурите е Емилијано Мартинез.
Аргентинецот не е во најдобри односи со тренерот Унаи Емери и одамна е познато дека сака да ја напушти Астон Вила.
Сега за Мартинез интерес пројави Интер.
Тој значително ја подигна својата цена по настапот на Мундијалот, на кој беше прогласен за најдобар голман. Аргентинецот веќе имаше неколку понуди, но изјави дека ќе се пресели само во клуб кој се натпреварува во Лигата на шампионите.
Првата понуда на Интер од 15 милиони евра Астон Вила категорично ја одби.
На повидок ли е нов голмански трансфер летово, по оној на Онана, останува да видиме,