Деновиве е активно на ракометниот „пазар“ во Македонија. Како ракометните екипи ги запопуваат подготовките за новата сезона, така се комплетираат и нивните „ростери“.

И тимот на Бутел Скопје го комплетираше играчкиот „ростер“ пред утрешниот старт на подготовките за новата сезона.

Најново име е левиот бек Иван Андревски, кој се враќа во составот на Бутел Скопје и потпиша договор на две сезони.

Андревски претходно настапуваше за Металург РА, а минатата сезона имаше одлични партии во Јуниор КВ.

Тој е петтото засилување за Бутел за новата сезона. Откако го ангажираа тренерот Горан Кузманоски. Нови имиња во тимот се: голманот Александар Стојаноски, левите бекови Лука Иваниќ и Марко Стојанов, како и десното крило Дамјан Георгиев.

Договорите ги продолжија: Дејан Михајловиќ, Кристијан Василевски, Владимир Јевтиќ, Кристијан Давитковски, Димитар Ѓоргиевски, Стефан Крстевски, Бојан Блажески и Наум Симјановски.